Курсеви по германски јазик во Минхен

На сите кои сакаат да го доведат побрзо и на што е можно повисоко ниво германскиот јазик, Ви препорачуваме да ги посетите нашите интензивни курсеви со по 20 часа / неделно, (1 час =. 45 мин.). Учествувате во активностите кои доплнително ги организираме како што се излетите, филмските ноќи, посетите на фестивали итн., каде што ќе можете дополнително да го подобрите усното изразување.
Еден наставен час трае 45 минути.

Подготовка за испит
За време на курсевите по германски јазик во Минхен, нудиме професионална припрема за полагањето на следните испити: испитите за Гете сертификатите од А1 до Ц2 ниво, TELC испитите од A1 до Ц2 ниво како и TELC испитите B2 до Ц1 за лекари, TestDaF – испитот кој докажува дека имате високо познавање од германскиот јазик за да можете да студирате во Германија, како и (Deutsche Sprachprüfung für den Hochschulzugang (DSH) – приемниот испит за студирање во Германија.

Вечерни курсеви
За сите кои имаат време само во вечерните часови, поради обврски со работа, обуки или студирање, Ви нудиме два пати неделно во вечерните часови курсеви по германски јазик за сите нивоа. Вечерните курсеви се организирани во мали групи (2-8 слушатели). На овој начин на слушателите им се гарантира индивидуално внимание и побрзо постигнување на целта.
Нашите германски курсеви во вечерните часови траат 12 недели по модул. За новите слушатели организираме бесплатен квалификациски тест и бесплатен пробен час во веќе започнат курс по германски.

Барате ли паралелно со курсот по германски сместување во Минхен?
На слушателите кои учат германски јазик во школото за странски јазици Axioma во Минхен, им нудиме помош со сместувањето. На сите наши слушатели на кои им треба сместување, ние можеме да им резервираме соба во семејство – домаќин. На барање, може да се организира појадок или времето на патување помеѓу домот и школото со јавниот превоз да биде до максимум 40 минути.
За сите барања, ве молиме пополнете го Контакт формуларот. За сите прашања, ние сме исто така секогаш достапни и по телефон.
ЗАБЕЛЕШКА: Резервацијата на една соба чини € 95,00.
Потврдата за запишан интензивен курс по германски јазик со 20 часа неделно, можете да ја приложите како основ за вадење или продолжување на виза за престој во германската амбасада или во Бирото за странци (KVR) во Минхен. Ние ќе ја припремиме соодветна покана и се разбира описот на наставата, по добиената потврда од плаќањето на германскиот курс.

Понудени нивоа A1, A2, B1, B2 и Ц1
Број на часови / неделно: 20 часа
Време: понеделник до петок, од 10:00 до 13:15 или во попладневните часови
Цена: од 490 евра (4 недели), 980 евра (8 недели)
Çmimi: duke filluar nga 490 euro (4 javë)  /  980 euro (8 javë)
Понудени нивоа: B2
Број на часови / неделно: 20 часа
Време: понеделник до четврток, од 14:00 до 18:00
Цена: од 440 евра (4 недели), 880 евра (8 недели)
Понудени нивоа: B2 и Ц1, интензивни плус курсеви:
Број на часови / неделно: 24 часа
Време: понеделник до петок, од 10:00-13:15 часот и понеделник и среда, од 14:00-15:30
Цена: од 650 евра (4 недели), 1.300 евра (8 недели)